Од Студент до Соработник | Сега имам претприемачки дух
- Martin
- Aug 10, 2024
- 2 min read
Ви претставуваме исклучителна можност да ја запознаете една од нашите нови членови на Академијата за Дигитален Маркетинг. Во ова кратко интервју, ќе се запознаете со нејзината лична перспектива и искуство од внатрешноста на нашата академија.
Преку серија на кратки, но значајни прашања, нашиот партнер ќе го сподели своето патување до овој момент, како и што ја мотивира да се приклучи на нашиот тим. Откријте ја нејзината визија, предизвиците со кои се соочува и наградите што ги добива како дел од нашата академска заедница.
Кристина Стоичовска

Зошто се одлучи баш за нашата програма?
Се сретнав претходно со позитивни и убави коментари. Тоа беше пресудно за мојата одлука.
Колкав период ти беше потребно за да ја донесеш одлуката за започнување?
Долго време барав начин како би можела да работам од дома. Живееме во ера на дигитализација и огромен број на луѓе ги уживаат тие привилегии. Во дискусија со Мартин, ми помогна да добијам нова перспектива за светот на дигиталниот маркетинг. Благодарна сум.
Кој дел од презентацијата имаше најсилно позитивно влијание што ти остана во сеќавање?
Целата позитивна енергија и мотивација. Воведот и запознавањето во светот на дигиталниот маркетинг.
Сподели ни нешто повеќе за Академијата. Како таа ги исполни твоите очекувања?
Дефинитвно ги надмина. Пријатно бев изненадена.
После колку дена по започнувањето со Академијата, склучи договор за Соработка?
После 15 дена
Дали ви беше доделен ментор и кој?
Да, Горан.
Покрај него дали има и други членови од тимот кои ти помагаат во менторирањето?
Тука е секогаш Мартин дополнително ме води низ процесот.
Опиши ја твојата соработка со менторите, што најмногу ти се допаѓа?
Достапноста. Во секој момент кога ми беше нешто нејасно, можев да им се обратам и да добијам одговор.
Што се промени кај тебе по само неколку денови?
Начинот на размислување. Сега имам претприемачки дух.
Што би им препорачала на сите оние кои сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигиталниот маркетинг?
Замисли ако се обидеш? Ако силно сакате да постигнете нешто, можете и да го направите. Ви требаат вештини само.
Comentários